БАЛЕРИНИ СО ТАНЦ ПРЕД ПАРИСКАТА ОПЕРА ПРОТЕСТИРАА ПРОТИВ МАКРОН

    БАЛЕРИНИ СО ТАНЦ ПРЕД ПАРИСКАТА ОПЕРА ПРОТЕСТИРАА ПРОТИВ МАКРОНМузиката ја изведуваа членовите на Симфонискиот оркестар на Париз, додека Балерините танцуваа 20 минути, а зад нив беа поставени плакати „Културата е во опасност“ (Фото: Ројтерс)

    Балерини во бели балетски костими изведоа танц од најпознатиот балет „Лебедово езеро“ пред Операта во Париз, во знак на протест против планот на претседателот Емануел Макрон да им ги укине бенефициите за пензија. Музиката ја изведуваа членовите на Симфонискиот оркестар на Париз, додека балерините танцуваа 20 минути пред бројна публика. Зад нив беа поставени плакати „Културата е во опасност“.

    Балетските уметници на Париската опера уште од 17. век одат во пензија на 42 години, или две децении порано од стандарните работници. Според најавените реформи на Макрон, тие ќе одат во пензија како и сите, на 64 години.

    „Со класичен балет почнуваме на 8-годишна возраст. Веќе на крајот на тинејџерските години ние имаме сериозни повреди. На возраст од 42 години, балетските уметници веќе страдаат од артитис, стрес, добиваат кила. Тешко е да се задржи нивото на беспрекорна изведба на 42, а на 64 години е веќе невозможно“, изјави балерината Елоиз Жокувиел.

    Танчарите се приклучија на штрајкот кој почна на 5 декември на вработените од јавниот сектор, меѓу кои и училиштата. Макрон и Владата најавија дека во јануари ќе ги продолжат преговорите со синдикатите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира