БАРАК И МИШЕЛ ОБАМА ЌЕ СНИМААТ ФИЛМОВИ, СЕРИИ И ДОКУМЕНТАРЦИ ЗА „НЕТФЛИКС“

    БАРАК И МИШЕЛ ОБАМА ЌЕ СНИМААТ ФИЛМОВИ, СЕРИИ И ДОКУМЕНТАРЦИ ЗА „НЕТФЛИКС“Барак и Мишел Обама основаа компанија „Хајр граунд продакшн“, а договорот со „Нетфликс“ го опишаа како повеќегодишен договор за продукција на филмови и серии, потенцијално вклучувајќи и документарци (Фото: ДПА)

    Поранешниот американски претседател и поранешната прва дама, Барак и Мишел Обама, ќе снимаат програми за стриминг сервисот „Нетфликс“ според договорот за продукција, што го потпишаа денес.

    Тед Сарандос, одговорен за содржина во Нетфликс кажа дека дека е неизмерно горд што првиот афро-американски претседател и првата дама одлучиле стриминг сервисот „да биде дом за нивните огромни способности за раскажување приказни“.

    Мишел и Барак Обама основаа компанија „Хајар граунд продакшн“, а договорот со „Нетфликс“ го опишаа како повеќегодишен договор за продукција на филмови и серии, потенцијално вклучувајќи и документарци.

    Барак Обама два пати беше избран за претседател на САД, служејќи од 2009 до 2017 година.

    „Се надеваме дека ќе ги култивираме и поттикнеме талентираните, инспиративни и креативни гласови, кои се способни да промовираат повеќе емпатија и разбирање меѓу луѓето, и да им помогнеме да ги споделат нивните приказни со целиот свет“, кажа тој во соопштението издадено од „Нетфликс“
    Мишел Обама кажа: „Јас и мојот сопруг секогаш верувавме во моќта на раскажувањето приказни да нѐ инспирира и да нѐ натера да размислуваат поинаку за светот околу нас, и да ни помогне да ги отвориме нашите умови и срца за другите“.

    Сарандос кажа дека Обама се меѓу најпочитуваните и врвно признаени јавни личности во светот и дека се уникатно позиционирани да ги откријат и споделат сториите на луѓето кои прават разлика во нивните заедници и кои се обидуваат да го променат светот на подобро.
    „Нетфликс“ тврди дека 125 милиони домаќинства во 190 земји се претплатени на нивниот сервис.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира