БЕСПЛАТНА ЕКСКУРЗИЈА ВО КРУШЕВО СО „ЕУРОЛИНК ОСИГУРУВАЊЕ“, ПРИЈАВУВАЊЕ ДО 17 СЕПТЕМВРИ

    БЕСПЛАТНА ЕКСКУРЗИЈА ВО КРУШЕВО СО „ЕУРОЛИНК ОСИГУРУВАЊЕ“, ПРИЈАВУВАЊЕ ДО 17 СЕПТЕМВРИНајвисокиот град на Балканот, кој се наоѓа на 1.250 метри надморска височина, е познат по автентичната македонска архитектура - (Фото: СДК.МК)

    Бесплатна еднодневна екскурзија на 21 септември за посета на Крушево организира компанијата „Еуролинк осигурување“ во рамки на активноста „Мапа на културата“, која шеста година по ред е дел од платформата за корпоративна општествена одговорност „Еуролинк – Вашата врска со вистинските вредности“, чија цел е поддржување и афирмирање на македонската култура, уметност и образование.

    Највисокиот град на Балканот, кој се наоѓа на 1.250 метри надморска височина, е познат по автентичната македонска архитектура, по Илинденското востание, по Крушевската Република и по Тоше.

    „Целодневната прошетка претставува уникатна можност учесниците да се запознаат со убавините и да ги слушнат преданијата за ова историско место“, велат од компанијата.

    Пријавувањето трае од денес до 17 септември на е-поштата: [email protected], со име и презиме, возраст и контакт телефон. Селекцијата на избраните учесници ја врши „ Еуролинк осигурување“. Поаѓањето е на 21 септември (сабота) во 08 часот, на паркингот кај „Дрво декор“ во Скопје. Сите трошоци за организацијата ги покрива „Еуролинк осигурување“.

    Во изминатите шест години за време на „Мапа на културата“ беа организирани посети на Стоби, Хераклеја, Битола, Бигорскиот манастир, Галичник , Лесновскиот манастир и Вевчани.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари