САД одново го дефинираа терминот астронаут откако милијардерите Ричард Бренсон и Џеф Безос успешно ги изведоа своите први летови во вселената, најавувајќи го почетокот на ерата на вселенски туризам.
Новите правила на Федералната агенција за авијација (ФАА) велат дека оние кои сакаат да бидат астронаути мора да бидат дел од екипажот на летот и да придонесуваат за неговата безбедност. Тоз значи дека американската влада засега не ги смета Безос и Бренсон за астронаути. Единствениот услов за комерцијални астронаути што го исполнија тие е што летаа 80 километри над површината на Земјата.
„Покрај височината, потенцијалните астронаути исто така мора да демонстрираат активности за време на летот кои се суштински за јавната безбедност или да придонесуваат за безбедноста на летот во вселената“, соопшти ФАА, што се први измени на правилата откако во 2004 година беше воведено крилото за комерцијални астронаути.
Бренсон полета во вселената на 11 јули со ракетата на „Вирџин галактик“, додека Безос имаше десетминутен лет со неговата компанија „Блу ориџин“ девет дена подоцна.