ЧЕТИРИ ДЕНА ЗАБАВА СО НЕОГРАНИЧЕНИ СЕКС, ДРОГА И АЛКОХОЛ, ТУРИСТИЧКА ПОНУДА НА КОЛУМБИСКИ ОСТРОВ

    ЧЕТИРИ ДЕНА ЗАБАВА СО НЕОГРАНИЧЕНИ СЕКС, ДРОГА И АЛКОХОЛ, ТУРИСТИЧКА ПОНУДА НА КОЛУМБИСКИ ОСТРОВСпотовите со кои се рекламира секс-островот добија ознака карактеристична за порно-филмови (Фото: Сексајленд.ком)

    Аранжмани исполнети со секс, дрога и алкохол се појавија во понудата на една компанија, која за таа цел ги објави и првите рекламни спотови, кои добија ознака карактеристична за порно-филмови.

    Секс-островот се наоѓа покрај брегот на Картахена, во северна Колумбија, и во спотовите се прикажани мажи како доаѓаат да уживаат во оргии и во дрога.

    Во едно од еротските видеа, маж влегува во вила, каде што го чекаат четири девојки на кревет. Во друг спот, разголени девојки мамат од јахта, на којашто стои натпис „вклучен неограничен секс“.

    На вториот ден од четиридневниот секс-фестивал, клиентите поминуваат половина час со 16 жени одеднаш, по што следуваат два дена луди забави на луксузна јахта.

    Секој клиент добива своја вила и две проститутки на располагање 24 часа на ден (Фото: Сексајленд.ком)

    Компанијата „Добри девојки“ на својот сајт објаснува дека на своите клиенти „им овозможува да живеат живот каков што отсекогаш сакале и дека во оваа прекрасна околина можат да ги исполнат своите најдиви фантазии“.

    За таа цел, компанијата има на располагање 60 проститутки.

    „Овие 60 жешки жени опслужуваат 30 клиенти. За секој од нив, на располагање се по две девојки 24 часа на ден. Во цената е вклучена и храната за сите денови“, се вели во понудата, која вклучува и играње голф, јавање коњи и масажа, за оние кои не сакаат да поминат цел ден во соба.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира