ЏЕЈН ФОНДА ПРИМИ ФИЛМСКА НАГРАДА ДОДЕКА ЈА АПСЕА НА ПРОТЕСТ

    ЏЕЈН ФОНДА ПРИМИ ФИЛМСКА НАГРАДА ДОДЕКА ЈА АПСЕА НА ПРОТЕСТФонда вели дека привремено се преселила во Вашингтон за да може да биде повклучена во протестите против климатски промени (Фото: АП)

    Џејн Фонда прими престижна награда на Британската филмска академија додека полицијата во лисици ја носеше од протестот против климатски промени во Вашингтон.

    Како добитничка на наградата за животно дело „Стенли Кјубрик“, 81-годишната американска актерка и активистка требаше да присуствува на церемонијата на доделувањето на наградите БАФТА Британија во Лос Анџелес, но беше во притвор.

    Снимките од приведувањето на Фонда ѝ беа пуштени на публиката и додека полицијата ја водеше, таа можеше да се слушне како извикува: „БАФТА, ти благодарам, многу сум почестена“.

    Фонда беше еден од 17-те демонстранти кои во петокот беа приведени поради незаконско протестирање, но полицајците ги опиша како „многу фини и професионални“. Таа вели дека се инспирирала од младата шведска активистка Грета Тунберг, па привремено се преселила во Вашингтон за да може да биде повклучена во протестите против климатски промени.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира