Граѓаните кои до крајот на месецов ќе купат семејно приватно здравствено осигурување од „Еуролинк“ ќе добијат една месечна рата бесплатно, соопшти осигурителната компанија.
Од „Еуролинк осигурување“ велат дека со семејното приватното здравствено осигурување клиентите можат да се лекуваат во сите приватни здравствени установи по сопствен избор, без ограничувања и со директна исплата на трошоците кон болниците
„Семејното приватно здравствено осигурување е наменето за сите семејства што имаат потреба и сакаат да обезбедат квалитетна здравствена заштита за себе и за членовите на своите семејства во сите приватните здравствени установи по сопствен избор и без ограничувања, за сите општи и специјалистички прегледи, без процедури за чекање или упати, брзо и едноставно со директна исплата на трошоците кон болниците од страна на Еуролинк осигурување“, велат од компанијата.
Граѓаните можат да одберат во зависност од потребите на семејството ’основен‘, ’комфорт‘ или ’премиум‘ пакет за семејно приватно здравствено осигурување, со редовна цена од 1.800, 2.000 и 3.350 денари месечно, соодветно на пакетот, а со една полиса се опфатени сите членови на семејството.
Останува достапна и опцијата за покривање на трошоците за породување, за офталмолошко и стоматолошко лекување во приватни здравствени установи по избор на клиентите со склучување договор за лојалност на две години за пакетите ’комфорт‘ или ’премиум‘.