„ЕМИРАТИ“ ЈА СПАСИ ЕВРОПСКАТА ГОРДОСТ „А380“ СО ЗДЕЛКА ВРЕДНА 16 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ

    „ЕМИРАТИ“ ЈА СПАСИ ЕВРОПСКАТА ГОРДОСТ „А380“ СО ЗДЕЛКА ВРЕДНА 16 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ„Емирати“ ќа ја зголеми својата флота со 36 авиони од типот „А380“ (Фото: АФП)

    Компанијата „Емирати“ соопшти дека постигнала договор за купување на 20 авиони од типот „ербас А380“, со можност за дополнителни 16, што ќе значи спас за гордоста на европската авијација.

    Неодамна беше објавено дека „Ербас“ би можел да го прекине производството на овој модел поради слаба побарувачка и единствениот спас го гледаше во најавената зделка со „Емирати“. Со овој договор, што се проценува на 16 милијарди долари, иднината на „А380“ е обезбедена за одредено време.

    „Ова значи дека ‘Ербас‘ ќе може да го произведува ‘А380‘ и во наредните десет години“, изјави шефот на продажбата на „Ербас“, Џон Лихи.

    „Емирати“ е најголемиот купувач на „А380“ и во својата флота веќе има 101 ваков авион и уште 41 во нарачка. „Ербас“ ја постави цената на еден авион на 445,6 милиони долари, но во преговорите, таа најчесто се намалува.

    „Оваа порачка ќе ја обезбеди стабилноста на производствената линија на ‘А380‘. Ние ќе продолжиме тесно да соработуваме со ‘Ербас‘“, кажа извршниот претседател на „Емирати“, шеик Ахмед бин Саед ал Мактум.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира