ФЕЈСБУК ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ ИЗБРИШАЛ 3,4 МИЛИЈАРДИ ЛАЖНИ ПРОФИЛИ

    ФЕЈСБУК ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ ИЗБРИШАЛ 3,4 МИЛИЈАРДИ ЛАЖНИ ПРОФИЛИЗакерберг се пофали дека сега многу побрзо елиминираат говор на омраза од Фејсбук (Фото: АП)

    Фејсбук објави дека отстранил 3,39 милијарди лажни профили од октомври до март, што е двојно поголема бројка во споредба со претходниот шестмесечен период. Речиси сите лажни страници биле откриени со помош на вештачка интелигенција и засилено човечко следење.

    „Повеќето од овие профили биле блокирани по само неколку минути од појавувањето, пред да можат да предизвикаат каква било штета. Ние се соочуваме со автоматизирани напади од лоши актери, кои се обидуваат да креираат големо количество профили одеднашелим“, вели извршниот директор на Фејсбук, Марк Закерберг.

    Тој посочи дека бројот на лажни профили е за една милијарда поголем од бројот на вистински луѓе на социјалната мрежа, кои ги има околу 2,4 милијарди.

    „Пред нас има уште доста работа, но компанијата покажува голем напредок во справувањето со говор на омраза и со отворено насилство на платформата. Ова сега го спречуваме многу побрзо, пред луѓето да го пријават“, додаде Закерберг.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари