ФИЛИП ГЛАС ЈА НАПИША ТРЕТАТА СИМФОНИЈА СПОРЕД АЛБУМ НА БОУВИ ПО 20 ГОДИНИ ОДЛОЖУВАЊЕ

    ФИЛИП ГЛАС ЈА НАПИША ТРЕТАТА СИМФОНИЈА СПОРЕД АЛБУМ НА БОУВИ ПО 20 ГОДИНИ ОДЛОЖУВАЊЕТри години по смртта на Дејвид Боуви, во Лос Анџелес премиерно беше изведена симфонијата од Филип Глас, инспирирана од албумот „Потстанар“

    Три години по смртта на Дејвид Боуви, двaјца светски значајни композитори Филип Глас и Џон Адамс се соединија во Лос Анџелес за да му оддадат почит. Џон Адамс диригираше со Филхармонијата на Лос Анџелес на премиерата на Симфонијата бр. 12 „Потстанар“ од Глас во концертната сала „Волт Дизни“.

    Делото е инспирирано од соработката на Боуви  со Брајан Ено и продуцентот Тони Висконти за истоимениот албум во 1979. Станува збор за последниот албум од проектот познат како Берлинска трилогија, во кој се и „Ниско“ и „Херои“, двата од 1977.

    Симфонијата број 1 од Глас во 1992 беше инспирирана од „Ниско“, а Симфонијата бр 4. во 1996 од „Херои“.

    „Третата по ред симфонија ја одложував долго време, 20 години, пред да сфатам дека должам нешто. Симфонијата бр. 12 е дел од моето ветување кое им го дадов на Боуви и Ено, дека ќе направам три симфонии од три нивни албуми. Во ‘Потстанар’, најинтересен дел за мене беа текстовите, зборовите. Тие биле напишани додека Боуви живеел во Берлин“, вели Глас, еден од највлијателните музичари на 20. век.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари