„ФОЛКСВАГЕН“ ГИ ЗАТВОРА ФАБРИКИТЕ ВО ЕВРОПА НА ДВЕ НЕДЕЛИ

    „ФОЛКСВАГЕН“ ГИ ЗАТВОРА ФАБРИКИТЕ ВО ЕВРОПА НА ДВЕ НЕДЕЛИ„Фолксваген“ лани остварил профит од 14,02 милијарди евра (Фото: АП)

    „Фолксваген“ соопшти дека ќе ги затвори своите фабрики низ Европа на две недели поради неизвесната побарувачка на автомобили и делови среде ширењето на коронавирусот. Извршниот директор Херберт Дис кажа на годишната прес-конеференција дека последните смени ќе бидат на работа овој петок.

    Компанијата оваа година очекуваше пораст на продажбите од четири отсто, но Дис вели дека е неблагодарно да се даваат прогнози во оваа ситуација бидејќи е неизвесно колку ќе трае кризата со коронавирусот.

    „2020 може да биде многу тешка година бидејќи коронавирусот ни дава досега непознат предизвик“, изјави Дис.

    „Фолксваген“ лани остварил профит од 14,02 милијарди евра, 15% повеќе во однос на 2018.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари