ФОТОГАЛЕРИЈА – 2.000 МАСКИ НА СТРУМИЧКИОТ КАРНЕВАЛ

    ФОТОГАЛЕРИЈА – 2.000 МАСКИ НА СТРУМИЧКИОТ КАРНЕВАЛКарневалците презентираа разновидни креации и музичко-сценски настапи, потсетувајќи дека Струмица е балканскиот Рио. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Големото дефиле на струмичкиот карневал се одржа синоќа и годинава понуди разновидни маски, совршени креации и одлични музичко сценски настапи. Околу 2.000 учесници од 47 карневалски групи продефилираа по струмичките улици.

    Карневалот го следат десетици илјади посетители претежно од земјава, но гости по струмичките улици имаше и од Бугарија, Грција, Србија и Црна Гора кои ги окупираа струмичките кафеани до раните утрински часови.

    Разновидни креации и музичко-сценски настапи, презентираа карневалците, потсетувајќи дека Струмица е балканскиот Рио со својот раскош, убавина и посетеност.

    Карневалските празнувања во Струмица продолжуваат денеска, на Прочка, со одржувањето на детскиот карневал.

    Фото: Ѓ. Личовски

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари