ФРЕСКИТЕ НА ЏОТО ВО АСИЗИ СЕ РЕСТАВРИРААТ СО ШПРИЦОВИ СО АКРИЛНА СМОЛА

    ФРЕСКИТЕ НА ЏОТО ВО АСИЗИ СЕ РЕСТАВРИРААТ СО ШПРИЦОВИ СО АКРИЛНА СМОЛАЕкспертите решија да ја извршат првата реставрација на фреските за првпат после 50 години. (Фото: Ројтерс)

    Во Асизи, Италија деновиве се користат медицински шприцови, но тоа не е поврзано со пандемијата на ковид-19. Конзерваторите ги користат за да ги заштитат бесценетите фрески од Џото, стари 700 години.

    Фреските се скоро завршени и беа дел од едногодишниот проект за чистење и зацврстување на фрескоживописот во капелата во рамките на базиликата на Свети Фрањо Асишки, во која се наоѓа гробот на светецот од 13. век. Фреските прикажуваат сцени од животот на Марија Магдалена, вклучувајќи ја и онаа каде што Исус го воскреснува Лазар.

    Експертите решија да ја извршат првата реставрација на фреските за првпат после 50 години, откако главниот реставратор Серџо Фусети пред неколку години при проверката слушнал шупливи звуци што укажувало на тоа дека малтерот се одвојувал од ѕидовите.

    Зацрстувањето на фрескоживописот е важно во област како Асизи, поради честите земјотреси. (Фото: Ројтерс)

    „По чистењето следно е зацврстувањето. Тоа се прави со правење на ситни дупки и користење на пластичен шприц, ист како што се користи за инјектирање на лекови врз луѓето, со таа разлика што ние инјектираме акрилна смола“, рече Фусети.

    Фусети вели дека ќе бидат тргнати слоевите од претходните реставрации изведени со малтер, и овој пат тие ќе користат само песок и вар. По завршувањето на нанесувањето на песок и вар ќе преминат на последната фаза – естетската, каде ќе употребат само водени бои.

    Зацрстувањето на фрескоживописот е важно во област како Асизи, поради честите земјотреси. Дури и помал потрес може да доведе до одвојувањето на гипсот.

    Горната базилика, каде се најпознатите фрески на Џото, беше сериозно оштетена од земјотрес во 1997. Таванот се сруши, при што загинаа четири лица внатре, вклучувајќи и двајца монаси.

    Базиликата Асизи е свето место не само за верниците, туку и за уметниците и студентите по историја на уметноста, бидејќи содржи околу 10.000 квадратни метри фрески од Џото и други мајстори.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира