ГЕРМАНИЈА СЛАВИ 100 ГОДИНИ НА СЛАВНАТА ШКОЛА ЗА ДИЗАЈН БАУХАУС

    ГЕРМАНИЈА СЛАВИ 100 ГОДИНИ НА СЛАВНАТА ШКОЛА ЗА ДИЗАЈН БАУХАУСНа 6 април, во Вајмар ќе се отвори нов Музеј на Баухаус, каде ќе се изложат над 13.000 цртежи, фотографии, лампи и други артефаткти (Фото: Дојче веле)

    Со повеќе од 700 настани во текот на целата година, Германија ќе ја слави 100-годишнината од основањето на славната школа за дизајн Баухаус. Баухаус денес важи за дом на авангардата во сите подрачја на слободната и применетата уметност и се смета за посебен архитектонски стил.

    Во 1919, Валтер Гропиус стана директор на Баухаус, што во буквален превод значи „куќа во градба“. Низ годините славни уметници биле професори и директори, меѓу кои Василиј Кандински и Мис ван дер Рое (Фото: АП )

    „Баухаус е едно од најважните и светски познати културни достигнувања на нашата земја“, рече германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, на објавувањето на националната програма за одбележување на стогодишнината.

    Со памфлет за првата изложба во 1919, Гропиус ја истакна целта на Баухаус: „Да создаде нoв занаетчиски ред, без класната разлика и арогантна граница помеѓу уметникот и занаетчијата“ (Фото: АКГ)

    Од 1919 до 1933, како што рече Штајнмаер „група инспиративни умови создале прекрасни нешта во архитектурата, уметноста, танцот, дизајнот,  како и фотографијата и филмот“, додавајќи дека слободата на Вајмарската република не само што му овозможила на Баухас да процвета, туку и да биде водечка форма на изразување во тој период.

    Основиот приницп на Баухаус школата беше „формата ја следи функцијата“. Според оваа идеја, едноставни но елегантни геометриски форми биле дизајнирани врз основа на функција или цел при градење на објект (Фото: ДПА )

    До 24 јануари ќе се одржува фестивалот „100 години Баухас“, со повеќе од 25 продукции од над 100 меѓународни уметници. Тој е првиот од 700-те планирани настани во текот на годинава, кои ќе се одржат во Берлин, Десау и Вајмар, каде се сместени институциите на Баухаус. Главно мото на прославата е „100 години осмислување на светот“.

    Интердисциплинарниот пристап на професорите и студентите значеше дека визуелните уметности, графичкиот дизајн, архитектурата и дизјанот на мебел и производи, сите заедно влегуваат со разговор за тоа како луѓето живеат во модерниот свет; – Внатрешноста на школата Баухаус  во Десау (Фото: ДПА )

    Политичките случувања доведоа до тоа школата неколку пати да биде затворена. Првично сместена во Вајмар од 1911 до 1925, Баухаус се пресели во Десау. Кога нацистите ја презеле градската власт, школата била затворена во 1932 и повторно отворена во Берлин. Засекогаш беше затворена во 1933, под притисок на нацистичкиот режим, кој ја критикувал институцијата дека создава „дегенеративна уметност“ (Фото: ДПА )

     

    Иако денес луѓето го врзуваат модерниот и удобен медел со „Икеа“, тој концепт не е роден во Шведска, туку е инспириран од класичната работа на дизајнерите на Баухаус. Мебелот на фотографијата е дизајниран од Марсел Бруер и Лудвиг Мис ван дер Рое од 1927 до 1930 (Фото: ДПА)

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари