ГЕРМАНСКИ ОРКЕСТАР ГИ НАПРАВИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ ЗВУЧНО НЕПРИЈАТНИ СО ПРЕРАБОТКА НА „ЧЕТИРИТЕ ГОДИШНИ ВРЕМИЊА“

    ГЕРМАНСКИ ОРКЕСТАР ГИ НАПРАВИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ ЗВУЧНО НЕПРИЈАТНИ СО ПРЕРАБОТКА НА „ЧЕТИРИТЕ ГОДИШНИ ВРЕМИЊА“Билетите за концертот во салата која беше отворена во 2017 ќе бидат бесплатни (Фото: АФП)

    Класичниот оркестар на Хамбург сака да ги „направи климатските промени звучни“ со преработка на славното дело на Антонио Вивалди, „Четири годишни времиња“ со помош на алгоритми базирани на податоци за климатските промени.

    Проектот базиран на едно од најпознатите класични дела е насловен „За четирите годишни времиња (For Seasons) и ќе се изведе денеска во Хамбург.

    На композицијата работеа музичари, уметници и софтверски инженери, кои ја опишаа како „дисхармонична“ и „непријатна“.

    „Со ова дело стануваат очигледни фактите за климатски промени: климата и нашите годишни времиња станаа дисбалансирани“, велат организаторите.

    Промените на оригиналните ноти од Вивалди од 1725 се направени во линиите помеѓу Пролет и Лето, и се отстранети нотите кои треба да претставуваат птичјо пеење.

    „Речиси секој во салата ќе го препознае оригиналот, но потоа веднаш ќе си рече: ‘Чекај малку, ова звучи поинакво, некако вознемирувачки’“, вели Јури Кристиансен, виолончелист.
    Билетите за концертот во салата која беше отворена во 2017 ќе бидат бесплатни. Концертот ќе се пренесува во живо.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари