ГЕРМАНЦИТЕ ДЛАБОКО ПОДЕЛЕНИ ПО ПРАШАЊЕТО НА ЗАБРАНАТА НА ДИЗЕЛ-ВОЗИЛА

    ГЕРМАНЦИТЕ ДЛАБОКО ПОДЕЛЕНИ ПО ПРАШАЊЕТО НА ЗАБРАНАТА НА ДИЗЕЛ-ВОЗИЛАСамо 43% Германци ја поддржуваат идејата за забрана на употреба на дизел-возилата во градски центри (Фото: ДПА)

    Германците се длабоко поделени околу можноста за целосна забрана на употреба на дизел-возилата во градски центри, што има за цел да се подобри квалитетот на воздухот, покажа анкетата што ја нарача агенцијата ДПА.

    Истражувањето покажа дека само 43% од испитаниците ја поддржуваат оваа забрана, а речиси истиот толкав процент луѓе смета дека тоа е лоша идеја.

    Ситуацијата се разликува од град до град. Судот во Штутгарт пресуди дека забраната е најефективниот начин да се подобри квалитетот на урбаното здравје, додека судот во Диселдорф заклучи дека таа треба сериозно да се преиспита.

    Исто така, мнозинството испитаници смета дека автоиндустријата не вложува доволно во заштитата на околината, при што 87% од нив не веруваат дека таа ќе промени нешто на тој план во наредните три години.

    И самите испитаници не придонесуваат за тоа, па 60% рекле дека не ја разгледуваат опцијата за купување на електричен автомобил.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира