ХАРТИЕНАТА ИЛУЗИЈА ВО ЛУВР ИСКИНАТА НА СИТНИ ПАРЧИЊА – ДЕЛ ОД УМЕТНИЧКИ ПЕРФОРМАНС ЗА ЈУБИЛЕЈОТ НА ПИРАМИДАТА

    ХАРТИЕНАТА ИЛУЗИЈА ВО ЛУВР ИСКИНАТА НА СИТНИ ПАРЧИЊА – ДЕЛ ОД УМЕТНИЧКИ ПЕРФОРМАНС ЗА ЈУБИЛЕЈОТ НА ПИРАМИДАТАФранцускиот уметник Жи-Ар и 400 волонтери работеа на колажот кој во петокот беше поставен во чест на јубилејот, 30 години од поставувањето на стаклената пирамида пред Лувр (Фото: АФП)

    Необичен колаж во дворот на парискиот музеј Лувр кратко беше изложен пред посетителите, пред тие да го исечат на ситни парчиња. Францускиот уметник со светска кариера Жи-Ар и 400 волонтери работеа на колажот кој во петокот беше поставен во чест на јубилејот, 30 години од поставувањето на стаклената пирамида пред Лувр. Во саботата Жи-Ар, чие вистинско име е Жан Ран,  на Твитер објави фотографија од делото од 17.000 квадратни метри, кое од еден агол правеше да изгледа како пирамидата да е дел од голем бел каменолом, и ја повика публиката да дојде да го види.

    Тие што дојдоа во неделата, учествуваа во уметнички перформанс на јавен простор, кинејќи ги 2.000-те хартии на ситни парчиња.

    „Ова е проект за присуство и отстуство, за реалност и сеќавања, за непостојаноста“, напиша уметникот после перформансот (Фото: Шатерсток )

    Некои вљубеници во уметноста не беа баш импресионирани, објавувајќи коментари на Твитер како „големо разочарување за прославата на 30-годишнината на пирамидата пред Лувр“ и „уметничкото дело на Жи-Ар беше помрачно од предвиденото“.

    „Сликите, како и животот се кратки. Еднаш поставено, уметничкото дело продолжува да живее по својот терк. Ова е проект за присуство и отсуство, за реалност и сеќавања, за непостојаноста “, напиша Жи-Ар, еден од најпознатите светски улични артисти.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари