ХОЛАНДСКАТА И БРИТАНСКАТА АМБАСАДА ЗАЕДНО СО ПИВАРА ЧИСТЕА ЃУБРЕ НА МАТКА

    ХОЛАНДСКАТА И БРИТАНСКАТА АМБАСАДА ЗАЕДНО СО ПИВАРА ЧИСТЕА ЃУБРЕ НА МАТКАИмате прекрасна природа, но треба да ја чувате, изјави британскиот амбасадор Чарлс Гарет (Фото: Пивара Скопје)

    Под мотото „Рециклирате ли?“, Пивара Скопје организираше нова волонтерска екоакција, чија цел беше чистењето на брегот и на водите на езерото Матка. Покрај досегашните партнери, компанијата Пакомак и амбасадата на Холандија, во акцијата се вклучија и британскиот амбасадор во Македонија и неговиот тим и нуркачите од спелеолошкото друштво „Врело“.

    Македонија е земја со прекрасна природа, која сите ние треба да ја почитуваме и заштитуваме. Се надевам дека ваквите акции ќе бидат пример и поттик за сите граѓани и посетители на овој живописен предел дека одговорноста за зачувување на оваа убавина лежи во секој од нас“, изјави британскиот амбасадор Чарлс Гарет.

    Лани го чистеа кејот на Вардар, сега Матка. – Британскиот и холандскиот амбасадор во Македонија со директорот на Пивара, Јован Радосављевиќ (Фото: Пивара Скопје)

    Холандската амбасада лани учествуваше и во чистењето на кејот на Вардар.

    Луѓето сакаат да дебатираат за глобалните проблеми, без да се запрашаат дали и тие лично придонесуваат за нив. Гледајќи го проблемот со загадувањето на придодата, мојот апел до сите граѓани е дека е време секој од нас да почне да делува и локално“, рече холандскиот амбасадор Ваутер Пломп.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира