ХОТЕЛОТ „РИЦ ПАРИЗ“ СО ЗАРАБОТКА ОД 7,3 МИЛИОНИ ЕВРА СРУШИ СВЕТСКИ РЕКОРД ОД ПРОДАЖБА НА ЛУКСУЗНИТЕ ПАРЧИЊА МЕБЕЛ

    ХОТЕЛОТ „РИЦ ПАРИЗ“  СО ЗАРАБОТКА ОД 7,3 МИЛИОНИ ЕВРА СРУШИ СВЕТСКИ РЕКОРД ОД ПРОДАЖБА НА ЛУКСУЗНИТЕ ПАРЧИЊА МЕБЕЛНа аукцијата се продале и мебелот и харфата од собата Пруст, во која Марсел Пруст ја напишал книгата „Во потрага по изгубеното време” (Фото: Ројтерс)

    Луксузните парчиња мебел на аукцијата на легендарниот хотел „Риц Париз“ се продадоа за 7,3 милиони евра, што е светски рекорд во овој сектор, објави аукциската куќа „Арткуријал“.

    Хотелот во Париз, кој едно време бил и дом на Ернест Хемингвеј, Марсел Пруст и Коко Шанел, ги продаде сите 10.000 парчиња мебел и декор, во периодот од 17 до 21 април.

    Меѓу нив се столици од барот Хемингвеј, када од 19 век и софи и харфа од собата Пруст.

    Продажбата на „Риц Париз“ ги надмина аукциите на хотелите низ целиот свет, објави аукциската куќа.

    Во 2013 година во Париз, „Хотел де Кријон“ заработи 5,9 милиони евра од продажба на мебел, додека „Хотел Плаза Атене“ 1,4 милиони евра.

    Купувачите се заинтересираа за предмети како корнизи и завеси од кадифе, килими, постелнини и комплети бањарки и папучи извезени со ознаките на „Риц“.

    Цените се движеа од 100 евра за пар чаршафи до 10.000 евра за пар скулптури на нимфи кои држат бронзени факели, кои биле користени како украс во лобито.

    „Риц“ одлучи да ги продаде антиквитетите кога повторно се отвори во јуни 2016 година, по четири години обемни реновирања.

    Хотелот има собрано импресивни количини на предмети откако беше отворен во 1898 година од Цезар Риц.
    Од 1979 година, негов сопственик е египетскиот милијардер Мохамед ал Фајед.

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира