ИГОР ЈАКИМОВСКИ ЛАНИ ТРЧАШЕ ВО ВУХАН, А ВИКЕНДОВ ВО БИТОЛА ГО СОБОРИ ЛИЧНИОТ РЕКОРД

    ИГОР ЈАКИМОВСКИ ЛАНИ ТРЧАШЕ ВО ВУХАН, А ВИКЕНДОВ ВО БИТОЛА ГО СОБОРИ ЛИЧНИОТ РЕКОРДЈакимовски вчера трчаше на релација Битола- Меџитлија и назад, а потоа повторувајќи уште еден круг истрча 42 километри и 195 метри за 2 часа и 47 минути.(Фото: СДК.МК)

    Познатиот македонски маратонец Игор Јакимовски, офицер во АРМ, кој минатата година пред пандемијата на коронавирус учествуваше на Воените светски спортски игри во Вухан, Кина, вчера во Битола го собори сопствениот рекорд во трчање. Тој е голем пријател на градската трка ,,Трчај бе” и минатата година кога учествуваше на неа, му се допадна спорскиот дух на градот и одлучи токму тука да се надмине самиот себеси.

    Јакимовски вчера трчаше на релација Битола- Меџитлија и назад, а потоа повторувајќи уште еден круг истрча 42 километри и 195 метри за 2 часа и 47 минути. Неговиот претходен рекорд беше 2 часа, 50 минути и 37 секунди. Успеа да го постигне најдобриот резултат во кариерата без натпреварувачки карактер и тоа во ветерански години, на 44-годишна возраст.

    Досега истрчал 34 маратони од кои 7 домашни и 27 меѓународни, вкупно на три континенти. Со атлетика се занимава три децении. Веќе пет години е тренер на најзвучните атлетски имиња во земјава на средни и долги патеки. Овој пат на патеката го следеа двајца познати атлетичари во тркачки дисциплини, Кристијан Стојани и Љупчо Стојановски. Ова е најтешката атлетска дисциплина, а да се биде во кондиција и да се истрча маратон е многу комплициран, долг и тежок процес. За овој подвиг тој се подготвуваше во изминатиот период, а само минатиот месец истрча околу 650 километри за 30 денови.

    „Сум доживувал и победи и одлични пласмани и награди, но исто така и откажувања, колапс, крварење, губење свест, заминување на сред маратон и тонење во жив песок”, се присетува овој познат македонски маратонец за своите претходни искуства.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира