ИНДИЕЦ СМАЧКАН ОД СЛОН ОТКАКО СЕ ОБИДЕЛ ДА НАПРАВИ СЕЛФИ СО НЕГО

    ИНДИЕЦ СМАЧКАН ОД СЛОН ОТКАКО СЕ ОБИДЕЛ ДА НАПРАВИ СЕЛФИ СО НЕГОИндија е земја со најголем број смртни случаи во ситуации кога луѓето сакале да направат селфи (Фото: АФП)

    Еден Индиец бил смачкан од слон во моментите кога сакал да направи селфи со него.

    Сведоците изјавиле дека 54-годишниот Ашок Барти премногу се доближил до веќе вознемиреното животно, кое потоа го нападнало и го прегазило.

    „Се обидувавме да го избркаме слонот од патот со помош на локални жители, кога еден од нив му се доближи со цел да го слика со мобилен телефон. Тој сакаше да направи селфи, кога слонот му се нафрли“, изјави еден од вработените во локалниот парк за весникот „Индија тајмс“.

    Тешко повредениот маж бил префрлен во болница, но подоцна бил прогласен за мртов.

    „Ова е уште еден трагичен потсетник дека слоновите се диви животни кои треба да се почитуваат, а не да се третираат како шанса за фотографирање“, изјави портпаролот на организацијата Светска заштита на животните.

    Индија е земја со најголем број смртни случаи во ситуации кога луѓето сакале да направат селфи: од 27 познати случаи во 2015 година, дури половина се случиле таму.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира