ИНКЛУЗИЈАТА ДА БИДЕ СПОРЕД НАШИТЕ ПОТРЕБИ, А НЕ САМО ДА СЕ ПРЕЦРТУВА ОД ЗАПАД, ВЕЛИ МАЈКА НА ДЕТЕ СО ПОПРЕЧЕНОСТ

    ИНКЛУЗИЈАТА ДА БИДЕ СПОРЕД НАШИТЕ ПОТРЕБИ, А НЕ САМО ДА СЕ ПРЕЦРТУВА ОД ЗАПАД, ВЕЛИ МАЈКА НА ДЕТЕ СО ПОПРЕЧЕНОСТОливер Савеска е мајка на средношколка со физика попреченост (Фото: принтскрин од видео)

    Оливера Савеска, мајка на средношколката со попреченост, вели дека почнуваат да се придвижуваат работите за инклузија на лицата со попреченост, но дека тоа е почеток и дека не знае како работите ќе се развиваат. Според неа, прашање на волја е да се обезбедат соодветни услови, со тоа што тие да не се прецртуваат од Запад, „туку да се создаде систем за поддршка согласно нашите можности, бидејќи нема да биде природно ако нешто само се преземе од некоја друга земја“.

    Во интервју за проектот „Медиумско претставување на мајки на лица со попреченост“ на Здружението за едукативен развој – ЕКВАЛИС, Оливера зборува за нејзината борба со институциите да овозможи физички пристап за ќерќа си до училиштето, на кои постигнувања на Марија е горда, но исто така и за грижите за непредвидливата иднина за ќерќата.

    Целото интервју со Оливера Савеска е на овој линк.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира