ИНСТАЛАЦИИ СО ЦВЕЌИЊА НИКНУВААТ НИЗ ЊУЈОРК

    ИНСТАЛАЦИИ СО ЦВЕЌИЊА НИКНУВААТ НИЗ ЊУЈОРККомпанијата „Луис Милер дизајн“ ги собира цвеќињата што остануваат по разни настани и од нив прави мали уметнички дела (Фото: Инстаграм)

    Изминативе неколку месеци, жителите на Њујорк можеа да сретнат необични глетки на улица, одејќи на работа во утринските часови, откако корпи за ѓубре се трансформираа во вазни со букети од разнобојни цвеќиња.

    Овие привремени инсталации се идеја на компанијата за аранжирање цвеќиња „Луис Милер дизајн“, која ги собира цвеќињата што остануваат по разни настани, за да создаде мали уметнички дела на раскрсници или околу улични скулптури.

    Ова потсетува на инсталациите на Жофрој Мотар, кој со цвеќиња има украсувано статуи и споменици низ Брисел.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира