ЈА ПАРКИРАЛ КОЛАТА ВО КУЈНА ЗА ДА НЕ МУ ЈА ОДНЕСЕ УРАГАНОТ ДОРИЈАН

    ЈА ПАРКИРАЛ КОЛАТА ВО КУЈНА ЗА ДА НЕ МУ ЈА ОДНЕСЕ УРАГАНОТ ДОРИЈАНЗа да готви, брачната двојка од Флорида мора да го заобиколува автомобилот во кујната. (Фото: Фејсбук)

    Американецот Патрик Елдриџ од Џексонвил го паркираше својот автомобил во кујната за да го заштити од ураганот Доријан, бидејќи не сакал да му биде оддуван, но и за да докаже дека може да го паркира автомобилот таму.

    Неговата сопруга Џесика вели дека колата била паркирана во гаража и за да се спаси од чистење на гаражата, Патрик предложил да ја препаркира во кујната.

    „Јас му реков дека нема шанси да го направи тоа. Тој рече дека може. Ја отвори двојната врата и успеа да ја внесе. Не ми се веруваше дека ја собра. Ја внесе без проблем“, кажа Џесика.

    Ураганот Доријан помина покрај брегот на Флорида денеска и за малку го одмина Џексонвил, по што се упати кон Џорџија, Јужна и Северна Каролина. Ураганот остави пустош на Бахами, каде што спасувачките екипи само што почнаа да прават целосна проценка на штетите.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари