ЈАПОНСКА АВИОКОМПАНИЈА НУДИ ОБРОЦИ ВО ПАРКИРАН АВИОН ОД 540 ДОЛАРИ

    ЈАПОНСКА АВИОКОМПАНИЈА НУДИ ОБРОЦИ ВО ПАРКИРАН АВИОН ОД 540 ДОЛАРИОброците се служат во авион „боинг 777“, што се наоѓа на аеродромот „Ханеда“ во Токио (Фото: АНА)

    Најголемиот јапонски авиопревозник почна да нуди оброци од прва класа во паркиран авион, што чинат 540 долари. „Ол Нипон ервејс“ почна да ја нуди оваа услуга вчера и додаде нови места за овој месец откако експресно бил распродаден.

    Ова несекојдневно искуство може да се доживее во авион „боинг 777“, што се наоѓа на аеродромот „Ханеда“ во Токио.

    „Ресторанот со крила беше идеја на вработените, кои сакаа подобро да ги искористат авионите кои моментално не се во употреба“, соопшти авиокомпанијата.

    Седиштата од прва класа чинат 540 долари, но има и двојно поевтина опција за бизнис класа.

    Голем број авиокомпании смислуваат креативни начини како да ги искористат приземјените авиони за време на пандемијата. „Сингапур ерлајнс“ исто така нудеше авионски оброци во стар авион „ербас А380“, додека австралиската компанија „Квантас“ организираше летови за никаде.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира