КАЈ БОЛНИТЕ СО КОВИД-19 НА ИНТЕНЗИВНА НЕГА МНОГУ БРЗО СЕ ВЛОШУВА СОСТОЈБАТА

    КАЈ БОЛНИТЕ СО КОВИД-19 НА ИНТЕНЗИВНА НЕГА МНОГУ БРЗО СЕ ВЛОШУВА СОСТОЈБАТАСпоред британските статистичари, половина од пациентите кои се на интензивна нега умираат, особено ако се повозрасни или имаат други коморбидитети. (Фото: АФП)

    Поради пандемијата на коронавирус, илјадници луѓе во светот, меѓу кои и британскиот премиер Борис Џонсон, се хоспитализирани во одделенијата за интензивна нега. На заболените пациенти со КОВИД-19 често им се потребни и респираторни машини.

    Џонсон беше префрлен на интензивна нега кога му се влоши состојбата во понеделникот, десет дена откако му беше дијагностициран вирусот – типична прогресија на тоа како вирусот почнува да ги напаѓа белите дробови, го намалува количеството на проток на кислород низ телото и неговите витални органи.

    На интензивна нега им се помага на пациентите чии витални органи како: срце, бели дробови и бубрези се во ризична состојба и на кои им треба брза и постојана помош. (Фото: АФП)

    Ова е резиме на тоа што се подразбира под лекување во Интензивна нега:

    *Кој завршува на интензивна нега?

    Поддршката е резервирана за пациенти кои страдаат од повеќе респираторни заболувања, кои се резултат на тоа што белите дробови се погодени од вирусот.

    Приемот зависи од сериозноста на симптомите, како и од капацитетот на болнички кревети. Во март, во Италија 12 проценти од потврдените случаи беа сместени на интензивна нега.

    Во земјите во кои досега се појави епидемијата, бројките покажуваат дека голем број од сериозните случаи се мажи.

    „Сѐ повеќе се потврдува дека постојат значителни разлики во имунолошкиот систем помеѓу мажите и жените, и дека разликите имаат значително влијание врз исходот од широк спектар на заразни болести“, вели Филип Гулдер, професор по имунологија на Катедрата за педијатрија во Универзитетот во Оксфорд.

    Според него, на тоа влијаат начинот на живот и општествените фактори, меѓу кои и пушењeто цигари „кое влијае на нивото на развој на болести на срце, хронични белодоробни заболувања и рак“.

    *Што подразбира негата на пациентите со КОВИД-19 на интензивна нега?

    На интензивна нега им се помага на пациентите чии витални органи како срце, бели дробови и бубрези се во ризична состојба и на кои им треба брза и постојана помош.

    Кај пациентите со КОВИД-19 страдаат белите дробови, пациентот се бори да добие доволно кислород, а резулатот на тоа е дека брзо доаѓа до влошување. Ова влошување „често може да дојде помеѓу осмиот и десеттиот ден од болеста, често со разлика од само неколку часа“, вели д-р Албрис Леврат, шеф на одделот за интензивна нега во источниот француски град Анеси.

    Во првиот момент, пациентот добива кислород преку цевки во носот, прогресирајќи до целосна маска на лицето. Ако тоа не успее, тогаш медицинскиот персонал ќе ја вклучи механичката вентилација (респираторот), а за тоа на пациентот ќе му треба голема доза седативи. Потоа се става цевка преку душникот, која носи кислород директно во белите дробови, додека машината го презема дишењето на пациентот.

    Интубацијата е голема медицинска постапка која може да трае неколку недели, и за која е потребен голем медицински тим за да следи и да се прилагоди на потребите сѐ додека пациентот почне да дише самостојно.

    *Која е прогнозата за пациентите сместени на интензивна нега?

    И покрај херојските напори на медицинските лица, мали се бројките за преживеани лица од КОВИД-19 после интензивна нега, особено ако се на механичка потпора.

    Според британските статистичари, половина од пациентите кои се на интензивна нега умираат, особено ако се повозрасни или имаат други коморбидитети. На пример, помеѓу оние пациенти кои имаат над 70 години, бројките покажуваат дека над 68 отсто умираат, за оние од 50-69 процентот смртноста е околу 46, а над 23 отсто за возрасната група од 16 до 49 години.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира