КАНСКИОТ ФЕСТИВАЛ НА ПОСТЕРОТ ЈА ОСЛАБЕЛ КЛАУДИЈА КАРДИНАЛЕ

    КАНСКИОТ ФЕСТИВАЛ НА ПОСТЕРОТ ЈА ОСЛАБЕЛ КЛАУДИЈА КАРДИНАЛЕМедиумите и социјалните мрежи го обвинија Канскиот фестивал за ретуширање на архивска фотографија на италијанската актерка Калудија Кардинале, која е на годинашниот постер, за таа да изгледа послаба (Фото: Кански фестивал)

    Канскиот филмски фестивал поттикна контроверзии уште еден месец пред да почне. Организаторите се обвинети за ретуширање на архивска фотографија на италијанската актерка Калудија Кардинале која е на годинашниот постер на фестивалот.

    „Постерот е прекрасен, но јасно и за презир е што се гледа дека фотографијата е ретуширана за да изгледа дека актерката има многу потенки бутки“, вели списанието „Телерама“.

    Слична реакција имаше и од други весници и социјални медиуми.

    Фотографијата на Кардинале додека се врти со лелеав фустан е снимена на покрив во Рим во 1959.

    „Клаудија Кардинале со едно вртење ослабела за еден број“, вели весникот „Либерасион“.

    „Зошто било потребно толку драматично да се смени телото на Калудија Кардинале за официјалниот постер на Кан 2017?“, е една од реакциите на Твитер.

    Меѓутоа, фестивалот го брани постерот. Директорот Тјери Фремо рече дека тој бил „многу добро примен“, објави АФП.

    „Што е оваа смешна бура околу постерот на фестивалот? Сите слики кои се користат за реклама се ретуширани на еден или друг начин.“, вели Жан-Пол Салом со порака на Твитер, поддржувајќи го Фремо.

    Самата Кардинале, сега 78-годишна, не се побуни. Во изјавата на фестивалот, таа рече дека е многу горда што ја одбрале нејзината фоографија за постерот на престижниот филмски фестивал.

    „Тоа е слика што јас самата ја имам за фестивалот, како настан кој осветлува сѐ околу себе. Тој танц на покривите во Рим ме потсеќа на моето минато, и на едно време кога не ни сонував дека ќе се качувам на скалилата на најпознатата филмска палата во светот“, вели Кардинале.

    Актерката глумела во филмските класици од 1960-те и 1970-те, меѓу кои и „Леопардот“ со Берт Ланкастер и „8 1/2“ на Федерико Фелини. Таа уште глуми, а последниот нејзин проект беше италијанската драма „Убавата малечка“.

    Годинешниот  фестивал на Кан трае од 17 до 28 мај, а официјалната селекција на филмови ќе биде објавена на 13 април.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира