КАРНЕВАЛЦИТЕ ЈА ПРЕЗЕДОА ВЛАСТА ВО СТРУМИЦА, В САБОТА ПАРАДА НА 1.800 МАСКИРАНИ

    КАРНЕВАЛЦИТЕ ЈА ПРЕЗЕДОА ВЛАСТА ВО СТРУМИЦА, В САБОТА ПАРАДА НА 1.800 МАСКИРАНИНие ќе бидеме власт која ќе донесе љубов и разбирање, рекоа организаторите на карневалот откако од градоначалникот Јаневски го добија клучот на градот (Фото: СДК.МК)

    Градоначалникот на Струмица Коста Јаневски го предаде клучот на градот на струмичките карневалци, кои до следната среда ќе владеат и ќе ги реализираат сите активности од годинашното издание на Струмичкиот карневал. Клучот го примија организаторите, кои веруваат дека и оваа година, во Струмица ќе има десетици илјади посетители од земјава и од странство.

    Симболично го предаваме клучот на градот на карневалците, што значи дека тие ќе раководат со градот наредниве денови. Знаејќи колкави широки срца имаат организаторите, очекуваме голема посетеност, кажа градоначалникот Јаневски.

    Организацискиот одбор на карневалот најави дека в сабота по улиците на Струмица ќе парадираат вкупно 47 групни и поединечни маски, со околу 1.800 учесници.

    „Ние ќе бидеме власт која ќе донесе љубов и разбирање и ќе ги прими сите добронамерници, а дека Струмичкиот карневал е еден од најдобрите во Европа, зборува и наградата што ја добивме во Германија – најдобра маска во движење“, истакна претседателот на градскиот комитет на ФЕКК, Александар Цицимов.

    Според пријавите, освен од Струмица и струмичко, на големото дефиле ќе има и маски од Куманово, Струга, Кавадарци, Радовиш и Пробиштип. Најмасовна ќе биде маската на СОУ Димитар Влахов“, која ќе брои 120 членови.

    В. ТРАЈКОВ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира