КОМПЛЕКС СО ТРГОВСКИ ЦЕНТАР, ЗГРАДИ И ДЕЛОВНИ ПРОСТОРИИ ЗА 7 ГОДИНИ ЌЕ СЕ ИЗГРАДИ НА МЕСТОТО НА СКОПСКИ САЕМ

    КОМПЛЕКС СО ТРГОВСКИ ЦЕНТАР, ЗГРАДИ И ДЕЛОВНИ ПРОСТОРИИ ЗА 7 ГОДИНИ ЌЕ СЕ ИЗГРАДИ НА МЕСТОТО НА СКОПСКИ САЕМТрговски центар ќе има површина за изнајмување од 51.000 квадратни метри, 250 продавници и паркинг простор за повеќе од 2.000 автомобили.

    На местото на Скопски саем, за седум години ќе се изгради новиот комплекс „Ист гејт“, кој ќе содржи трговски центар, станбени и деловни згради.

    Комплексот кој ќе го гради групацијата „Балфин“ ќе зафаќа површина од 152.000 квадратни метри, а вкупната инвестицијата ќе биде 350 милиони евра. Трговски центар кој според најавите на инвеститорот ќе биде најголем во регионот на Македонија, Косово и Јужна Србија, ќе има површина за изнајмување од 51.000 квадратни метри, 250 продавници и паркинг простор за повеќе од 2.000 автомобили. Резиденцијалниот комплекс ќе биде со 1.600 станови, ќе содржи паркови, рекреативни содржини, два амфитеатри, како и зелена површина од 25.000 квадратни метри. Во комплексот ќе има и пет канцелариски згради со вкупна површина за изнајмување од 67.000 квадратни метри.

    Комплекс „Ист гејт“ ќе биде со 1.600 станови, ќе содржи паркови, рекреативни содржини, два амфитеатри, како и зелена површина од 25.000 квадратни метри

    „Нашата цел не е единствено да го прошируваме бизнис-портфолиото туку и да целиме кон повисоки идеи како индивидуи во средините во кои што сме активни. Искрено сакаме да го подобруваме животот на заедницата и нејзиниот развој, да ја заштитиме животната средина и да го збогатиме културниот и образовниот процес. ‘Ист гејт‘ ќе се придржува до сите овие вредности и затоа веруваме дека проектот ќе биде инспиративен не само за нас, туку и за Скопје, за Македонија, но и пошироко“, рече Самир Мане, претседател на групацијата „Балфин“ на вчерашната промоција на проектот.

    На презентацијата на комплесот „Ист гејт“ која се одржа во првата хала на Скопскиот саем и вчерашниот настан беше последен пред уривањето, присуствуваа премиерот Зоран Заев, претседателот на Собранието Талат Џафери, лидерите на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ Али Ахмети и Христијан Мицкоски, министри во Владата, како и градоначалникот на Скопје Петре Шилегов и на општина Гази Баба Борис Георгиевски.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари