И КУМАНОВО ДОБИ АКТИВНА ЗОНА ОД КОКА-КОЛА И ПИВАРА СКОПЈЕ

    И КУМАНОВО ДОБИ АКТИВНА ЗОНА ОД КОКА-КОЛА И ПИВАРА СКОПЈЕАктивната зона се состои од најсовремена фитнес-опрема, односно 5 професионални фитнес-справи и вратило, кои ќе бидат бесплатно достапни за користење на сите граѓани 24 часа.

    Во Куманово вчера беше отворена седмата „Кока-кола активна зона“, како продолжение на долгорочниот проект на Пивара Скопје и компанијата Кока-Кола, соопшти компанијата. Зоната, која што е дел од проектот за промоција на активниот начин на живот и добробит на заедницата, е втора од вкупно пет што годинава се донираат низ неколку градови во Македонија.

    „Задоволство е што сите досега донирани ’Кока-кола Активни зони‘ се исполнети со луѓе од сите генерации што го користат секој момент за да практикуваат активен начин на живот и се пример за сите нас за градење одржлива иднина. Нема да застанеме сè додека не им овозможиме и не ги мотивираме сите наши граѓани колку што е можно почесто да спортуваат, да се рекреираат и да практикуваат активен начин на живот и сè додека не ја покриеме целата земја со ’Кока-кола Активни зони‘“, изјави Ламбро Патче, директор за односи со јавност и комуникации на Пивара Скопје.

    И оваа „Кока-кола Активна зона“ се состои од најсовремена фитнес-опрема, односно 5 професионални фитнес-справи и вратило, кои ќе бидат бесплатно достапни за користење на сите граѓани 24 часа.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира