„МЕТАЛИКА“ ДОНИРАШЕ 250 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ИЗГРАДБА НА ПРВАТА БОЛНИЦА ЗА ДЕТСКА ОНКОЛОГИЈА ВО РОМАНИЈА

    „МЕТАЛИКА“ ДОНИРАШЕ 250 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ИЗГРАДБА НА ПРВАТА БОЛНИЦА ЗА ДЕТСКА ОНКОЛОГИЈА ВО РОМАНИЈА„Металика“ на концертот во чест на Крис Корнел во Лос Анџелес во јануари годинава (Фото: Ројтерс)

    Американскиот метал бенд „Металика“ донираше 250 илјади евра на романска асоцијација која ја гради првата болница за детска онкологија во земјата. Донацијата за фондацијата „Подари живот“ (Give Life) основана во 2012 дојде пред вчерашниот распродаден концерт на групата, кој е нивни четврти во Романија од 1999. Парите беа префрлени преку непрофитната фондација на „Металика“, „Сите заедно во моите раце“.

    Изградбата на болницата почна на средината на 2018 во Букурешт, и е една од неколкуте кои почнаа да се градат во Романија во изминативе три децении. Објектот се очекува да биде готов вгодина, а досега донации дадоа 260 илјади лица и повеќе од 2 илјади компании.

    Романија е една од земјите на Европската Унија која има најмалку развиена инфраструктура, слаба администрација, има корупција и бирократија, и покрај годините со силен економски раст и добиените милијарди евра од европските фондови. Актуелната влада на неколку пати ги одложува плановите за изградба на три регионални болници за кои ЕУ веќе одвои пари.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари