МЕТРОПОЛИТЕН ЌЕ БАРА ПОТВРДА ЗА ТРЕТА ДОЗА ВАКЦИНА ПРОТИВ-19 И ОД ВРАБОТЕНИТЕ И ОД ПУБЛИКАТА

    МЕТРОПОЛИТЕН ЌЕ БАРА ПОТВРДА ЗА ТРЕТА ДОЗА ВАКЦИНА ПРОТИВ-19 И ОД ВРАБОТЕНИТЕ И ОД ПУБЛИКАТАМерката ќе важи од 17 јануари 2022. (Фото: „Њујорк тајмс“)

    Оперската куќа Метрополитен во Њујорк ќе бара потврда за примена трета доза вакцина против ковид-19, поради растечкиот број на новозаболени од омикрон. Мерката ќе важи од 17 јануари 2022.

    Објавата на светски реномираната културна установа следи поради загриженоста од брзото ширење на новиот сој на ковид-19 во САД. Според Американскиот центар за контрола на болести, веќе се регистрирани случаи во најмалку 36 држави, што претставува 3 отсто од ковид позитивните случаи во земјата.

    Потврдата за бустер дозата ќе се бара како дополнение на сертификатот за примени две дози, а останува и мерката за задолжително носење заштитни маски.

    Мет соопшти дека третата доза ќе се бара и за вработените и од публиката.

    „Сметаме дека треба да бидеме пример и верувам дека е прашање на време кога и останатите оперски и театарски куќи ќе го бараат истото“, вели генералниот директор Питер Гилб.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира