МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ ИМААТ СÈ ПОМАЛКУ СЕКС, ПОВЕЌЕ РАЗМЕНУВААТ СЛИКИ НА МОБИЛНИТЕ, ОТКРИ НАЈНОВО ИСТРАЖУВАЊЕ

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ ИМААТ СÈ ПОМАЛКУ СЕКС, ПОВЕЌЕ РАЗМЕНУВААТ СЛИКИ НА МОБИЛНИТЕ, ОТКРИ НАЈНОВО ИСТРАЖУВАЊЕНаучниците како можни фактори ги наведуваат порастот на проблемите со менталното здравје, намаленото пиење алкохол и сè поголемото присуство на интернетот во секојдневниот живот. (Илустрација: З. Кардула)

Младите во Велика Британија поретко имаат сексуални односи отколку претходните генерации, но сè почесто разменуваат фотографии со сексуална содржина и гледаат порнографија, покажува ново истражување објавено во медицинското списание „Лансет“.

Секој трет Британец на возраст од 16 до 24 години никогаш немал сексуален однос, во споредба со секој петти во 2010 година. Кај лицата помлади од 45 години, зачестеноста на сексуалните односи се намалила од четири пати месечно во 1990 година на двапати месечно.

„Сексуалниот живот на Британците се менува. Иако повеќето возрасни се сексуално активни, луѓето имаат поретко секс, а сè повеќе млади никогаш немале сексуален однос“, вели Соазиг Клифтон, епидемиолог од Универзитетскиот колеџ во Лондон.

Истражувањето било спроведено од 2022 до 2024 година и опфатило 6.719 испитаници на возраст од 16 до 59 години.

Речиси половина од младите на возраст од 16 до 24 години во текот на претходната година испраќале или примале фотографии со сексуална содржина преку мобилните телефони. Порнографијата е особено распространета кај помладите од 35 години.

Според истражувачите, овие податоци би можеле да укажуваат на постепено оддалечување од физичката интимност со партнерот и свртување кон индивидуални и онлајн сексуални активности.

Причините за ваквите промени сè уште не се доволно истражени, но научниците како можни фактори ги наведуваат порастот на проблемите со менталното здравје, намаленото пиење алкохол и сè поголемото присуство на интернетот во секојдневниот живот.

Симнете ја мобилната апликација

©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира