МОМА ЊУЈОРК ГИ ВИДЕ СКОПСКАТА ПОШТА И МАКЕДОНИУМОТ НА ГОЛЕМАТА ИЗЛОЖБА ЗА ЈУГОСЛОВЕНСКАТА МОДЕРНА АРХИТЕКТУРА

    МОМА ЊУЈОРК ГИ ВИДЕ СКОПСКАТА ПОШТА И МАКЕДОНИУМОТ НА ГОЛЕМАТА ИЗЛОЖБА ЗА ЈУГОСЛОВЕНСКАТА МОДЕРНА АРХИТЕКТУРАНа изложбата „Кон бетонската утопија: Архитектурата во Југославија 1948-1980“, што се отвори вчера во Музејот на модерната уметност (МоМА) во Њујорк, меѓу другите изложени се и макети на скопскиот Телекомуникациски центар на Јанко Константинов и оригинален материјал за споменикот Илинден во Крушево на Искра и Јордан Грабул (Фото: Десков, Дескова, Ивановски)

    Исклучителното модернистичко наследство од територијата на поранешна Југославија е претставено на во Музејот на модерната уметност (МоМА) во Њујорк, на изложбата „Кон бетонската утопија: Архитектурата во Југославија 1948-1980“, што се отвори вчера. Изложбата е првото обемно претставување на оваа архитектонска продукција во една од најреномираните светски културни институции.

    Дел од поставаката се и оригиналната макета од конкурсниот проект за градскиот центар на Скопје на Кензо Танге и неговиот тим и макетата од Културниот центар на Биро 71, потоа оригинални цртежи и скици од работата на Кензо Танге во Скопје, како и бројни оригинални цртежи и дел од проектната документација на Градскиот архив и Студентскиот дом „Гоце Делчев“ на архитект Георги Константиновски, Телекомуникацискиот центар на Јанко Константинов, Управата за хидрометеоролошки работи на Крсто Тодоровски, Музејот на Македонија на Мимоза Несторова -Томиќ и Кирил Муратовски, извадоци од проектната документација за Културниот центар на Биро 71, Универзитетскиот комплекс на Марко Мушиќ.

    Главен куратор на изложбата „Кон бетонската утопија: Архитектурата во Југославија 1948-1980“ е швајцарскиот архитект Мартино Стиерли, раководител на одделот Филип Џонсон за архитектура и дизајн во МоМА, кокуратор е Владимир Кулиќ и Ана Катс како асистент-куратор (Фото: Десков, Дескова, Ивановски)

    Покрај материјалот за Скопје, во делот во кои се претставени спомениците од територијата на поранешна Југославија е презентиран оригинален материјал за споменикот Илинден во Крушево, на Искра и Јордан Грабул.

    Главен куратор на изложбата „Кон бетонската утопија: Архитектурата во Југославија 1948-1980“ е швајцарскиот архитект Мартино Стиерли, раководител на одделот Филип Џонсон за архитектура и дизајн во МоМА, кокуратор е Владимир Кулиќ и Ана Катс како асистент-куратор.

    Од Македонија, членови на кураторското советодавно тело на истражувањето и изложбата беа архитектите Владимир Десков, Ана Ивановска Дескова и Јован Ивановски (Фото: Дескова, Дескова, Ивановски)

    Формирајќи таканареченo кураторско советодавно тело, од МоМА беа поканети десетина истражувачи од регионот, кои веќе со години се занимаваат со собирање, истражување, толкување, вреднување, а во некои случаи и извлекување од заборавот на вредните архитектонски реализации и нивната документација.

    Од Македонија, членови на кураторското советодавно тело на истражувањето и изложбата беа архитектите Владимир Десков, Ана Ивановска Дескова и Јован Ивановски.

    „Поаѓајќи од хипотезата дека Југословенската повоена архитектура не само што не е периферна, туку е во самата суштина на модернистичкиот проект, главните куратори вниманието го насочуваат на подрачје и тема која со децении се наоѓа вон интересот на западната историја на архитектура, во таа смисла недоволно истражена, „егзотична“ и речиси непозната, подеднакво за општата, но и за стручната архитектонска јавност вон границите на поранешна Југославија и нејзината непосредна околина. Истражувачкиот проект  „Кон бетонската утопија: Архитектурата во Југославија 1948-1980“ е навраќање на архитектурата на територијата на Југославија низ читањето на една нова генерација на архитекти, историчари на архитектура и уметници кои имаат за цел критички да го обноват нејзиниот наратив“, велат кураторите.

    „Во рамките на изложбата поставена во МоМА, темата на Скопје и неговата постземјотресна обнова зазема значајно место, како во однос на обемот, така и во однос на позицијата во рамки на поставката. Катастрофата во Скопје во 1963, меѓународната солидарност и помош по земјотресот, инволвирањето на ООН во координирање на процесот на обнова, како и улогата на Кензо Танге во планирањето на центарот на градот е наратив кој е веќе делумно познат и интересен за меѓународната публика“, велат македонските архитекти во МоМА.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари