МУЗЕЈ СО ЛИГАВ ЖЕЛАТИН Е ХИТ ЗА ДЕЦАТА И ВОЗРАСНИТЕ НА МЕНХЕТЕН

    МУЗЕЈ СО ЛИГАВ ЖЕЛАТИН Е ХИТ ЗА ДЕЦАТА И ВОЗРАСНИТЕ НА МЕНХЕТЕНИграњето со густа леплива маса е хит кај децата и возрасните изминативе години (Фото: АП)

    Њујорк отвори музеј во кој гостите може да си играат со лигава маса во вид на желатин, што важи за една од најпопуларните играчки во последнава деценија. Во Институтот Слајми, децата и возрасните може да вадат од желатинот во разни бои, да истураат врз себе, па дури и да користат лепак и други состојки за да направат маса која ќе може да си ја однесат дома. Од таванот од музејот, кој се наоѓа во центарот на Менхетен, постојано и постојано тече желатин.

    Музејот со желатин е хит на Менхетен (Фото: АП)

    Музејот го основале Карен Робиновиц и Сара Шилер, откако Робиновиц открила дека играта со желатинот ѝ помогнала да помине тежок период во животот.

    Создавањето густа леплива маса и играњето со неа е хит меѓу децата и тинејџерите изминативе години, а сѐ почесто е забава и за возрасните. Билет за музејот чини 38 долари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира