НА ФЛОРИДА СЕ ЕВАКУИРААТ И ДЕЛФИНИ И ЦЕЛИ ЗООЛОШКИ ГРАДИНИ

    НА ФЛОРИДА СЕ ЕВАКУИРААТ И ДЕЛФИНИ И ЦЕЛИ ЗООЛОШКИ ГРАДИНИНиту едно животно на Флорида нема да остане незаштитено од ураганот Ирма. - Розеви фламинга во зоолошката градина во Мајами (Фото: Ројтерс)

    Наредбата за евакуација, што беше објавена за делови на Флорида во пресрет на налетот на ураганот Ирма, не се однесуваше само на луѓето. Засолниште мораше да се пронајде и за стотици животни, чиј дом се зоолошки градини, тематски паркови и спасувачки центри низ Флорида.

    Пет делфини беа преместени од Флорида Киз во централна Флорида, а за повеќе од сто кучиња во Тампа мораше да се пронајде ново привремено сместување.

    „Живееме во област во која што ураганите се чести, па сме подготвени за вакви ситуации“, вели Брајан Даулинг од сафари паркот во Палм Бич Каунти, во кој, меѓу другите, живеат лавови, носорози и мајмуни.

    Голем дел од животните од паркот се преместени во специјални, побезбедни објекти, каде што вратите се оставаат незаклучени во некои случаи.

    „Животните чувствуваат кога работите не одат на добро, па не сакаме да им го зголемуваме стресот. Им дозволуваме тие самите да решат каде ќе одат“, појасни Даулинг.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари