НА МЛАДИТЕ ИМ Е ПОЛЕСНО ДА СЕ МРАЗАТ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ, РЕКОА ОД УНИЦЕФ И ФОНДАЦИЈАТА „ТЕЛЕКОМ ЗА МАКЕДОНИЈА“ НА МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН ЗА ПОБЕЗБЕДЕН ИНТЕРНЕТ

    НА МЛАДИТЕ ИМ Е ПОЛЕСНО ДА СЕ МРАЗАТ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ, РЕКОА ОД УНИЦЕФ И ФОНДАЦИЈАТА „ТЕЛЕКОМ ЗА МАКЕДОНИЈА“ НА МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН ЗА ПОБЕЗБЕДЕН ИНТЕРНЕТПретставничката на УНИЦЕФ Лесли Милер сo Никола Љушев, претседателoт на Фондацијата „Телеком за Македонија“ и тинејџерите кои зборуваа за врсничкиот онлајн булинг. (Фото: УНИЦЕФ)

    „На младите им е многу полесно дасе мразат на социјалните мрежи отколку отколку во живо. Така полесно може да се премолчи булингот. Ние ќе се трудиме љубезноста и емпатијата да станат кодекс на однесување“, рекоа од Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) и Фондацијата „Телеком за Македонија“, кои денес, на Меѓународниот ден за побезбеден интернет, објавија партнерство за интернет без врсничко насилство и говор на омраза.

    На средбата со медумите, тинејџери ги споделуваа своите искуства за врснички булинг.

    „Бев жртва на интернет булинг, а ме навредуваа и вербално. Пријавив кај наставниците и кај психологот и кога им реков дека сакам да го сменам училишто ми кажаа дека не може затоа што ми е последна година. Ми рекоа дека ако сум ги трпела девет години, можам да ги истрпам уште малку“, рече една од тинејџерките.

    Претставничката на УНИЦЕФ Лесли Милер, кажа дека треба да се создаде движење во кое децата ќе се спротивстават на врсничкото онлајн насилство и ќе промовираат човечност и љубезност во дигиталниот свет.

    „За нас е многу важно секој да има пристап до можностите на дигиталниот свет, а омразата на интернет ги загрозува сигурноста, почитта и инклузивноста на овој простор. Овој негативен феномен особено влијае на младите луѓе, кои се најмногу засегнати. Во оваа значајна фаза од нивниот личен раст и развој, наша одговорност е да ги научиме како да ѝсе спротивстават на омразата”, рече Никола Љушев, претседател на Фондацијата „Телеком за Македонија“.

    Од Фондацијата и од УНИЦЕФ додадоа дека нивната соработка ќе се одвива во неколку фази. Најавија едукација за младите, нивните родители и стручните служби во училиштата.

    „Родителите често не се свесни ниту информирани дека децата им се малтретирани. Јас имав лошо искуство во 2014, кога интернетот го доживеа бумот и на почетокот се борев самиот, со помош на родителите“, рече еден од младите гости на настанот.

    „Преку ова партнерство се стремиме на децата да им дадеме моќ, простор и алатки заеднички да создаваат иницијативи што одговараат на нивното сопствено искуство. Нашата цел е да им понудиме на младите социјални вештини и стратегии за справување, да ја градиме нивната отпорност, а воедно да ја подигнеме јавната свест за последиците од онлајн врсничкото насилство врз физичкото, менталното и емоционалното здравје“, додаде Милер.

    Оваа двегодишна иницијатива е продолжение на долгогодишното партнерство помеѓу УНИЦЕФ и Фондацијата „Телеком за Македонија“.

    Целта на новото партнерство е да се создаде движење преку кое децата и младите ќе се борат за интернет без врсничко насилство и говор на омраза. Преку едукација и конкретни акции децата треба да инспирираат и други да се приклучат и да го прошират движењето.

    М. ЏАРОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира