НАЈСТАРАТА АМЕРИКАНКА НАПОЛНИ 116 ГОДИНИ И ЦЕЛИОТ ГРАД Ѝ ДОЈДЕ НА ПРОСЛАВАТА

    НАЈСТАРАТА АМЕРИКАНКА НАПОЛНИ 116 ГОДИНИ И ЦЕЛИОТ ГРАД Ѝ ДОЈДЕ НА ПРОСЛАВАТАИди Чекарели ги надживеала сите најблиски членови на семејството (Фото: Гардијан)

    Во малиот калифорниски град Вилис, роденденот на Иди Чекарели стана своевиден празник.

    Чекарели, која наполни 116 години на 5 февруари, е најстарата личност во САД и на своите родендени го кани целиот град. Во изминатите неколку години, тоа го презеде градот, кој организира парада во нејзина чест. Таа е најстариот човек во историјата на Калифорнија и втор најстар на светот.

    Десетици возила парадираа покрај домот за стари лица во кој живее Чекарели, за да ѝ посакаат среќен роденден.

    Таа е голем дел од нашата заедница. Тука се третата, четвртата, петтата, шестата генерација на нејзиното семејство кои ја слават. Многумина нејзини луѓе починаа, многумина од нејзиното време заминаа“, изјави 83-годишната братучетка на Чекарели, Евелин Персико.

    Десетици возила парадираа покрај домот за стари лица во кој живее Чекарели за да ѝ посакаат среќен роденден. (Фото: Гардијан)

    Иди е родена во 1908 година, кога претседател на САД бил Тиодор Рузвелт. Родена е во семејство на имигранти од Италија и нејзините родители исто така живееле повеќе од 90 години. Двапати се мажела и родила три деца во првиот брак. Ги надживеала сите најблиски членови на семејството, вклучувајќи шест браќа и сестри, од кои таа била најстара.

    Кога ја прашуваат за тајната на долгиот живот, Иди најчесто одговара со „два прста црвено вино и гледање своја работа“. На 116 години веќе не е многу активна зашто страда од деменција, но утрото на роденденот била многу среќна кога видела дека сите дошле за неа.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира