НАСА ЛАНСИРАШЕ МИСИЈА ЗА СПАС НА ЗЕМЈАТА ОД АСТЕРОИДИ

    НАСА ЛАНСИРАШЕ МИСИЈА ЗА СПАС НА ЗЕМЈАТА ОД АСТЕРОИДИЛеталото ќе удри во предмет наречен Диморфос за да се види колку можат да се променат неговите брзина и патека на движење (Фото: илустрација на НАСА)

    НАСА ја лансираше својата најнова мисија преку која ќе се тестира технологија која еден ден би можела да ја спаси Земјата од опасен астероид. Мисијата „Дарт“ треба да испита колку би било тешко да се спречи судир на голема вселенска карпа со нашата планета.

    Леталото ќе удри во предмет наречен Диморфос за да се види колку можат да се променат неговите брзина и патека на движење.

    „‘Дарт‘ минимално ќе го промени периодот на орбитата на Диморфос и тоа е сѐ што е потребно во случај опасен астероид да е откриен на време. Иако допрва треба да стигнеме до Диморфос, ова е огромен чекор напред“, изјави Кели Фест од канцеларијата за координација на планетарната одбрана во НАСА.

    Ако само мало парче космички отпад со големина од неколку стотини метри се судри со нашата планета, тоа би предизвикало уништување на цел континент. Предмети со големина на Диморфос, кој е широк 160 метри, би можеле да експлодираат со енергија на типична нуклеарна бомба, а оние поголеми од еден километар би можеле да влијаат врз целиот свет.

    Новата мисија чини 325 милиони долари. „Дарт“ би требало да удри во Диморфос со брзина од 15.000 километри на час, што би требало да се случи во септември 2022.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира