НОВ РЕВОЛУЦИОНЕРЕН ЛЕК ПРОТИВ РАЗНИ ВИДОВИ РАК ОДОБРЕН ОД ЕВРОПСКАТА УНИЈА

    НОВ РЕВОЛУЦИОНЕРЕН ЛЕК ПРОТИВ РАЗНИ ВИДОВИ РАК ОДОБРЕН ОД ЕВРОПСКАТА УНИЈАНовиот лек го напаѓа туморот без разлика каде се наоѓа во телото, препознавајќи генетска абнормалност

    Употребата на нова „револуционерна“ класа лекови со која можат да се третираат разни видови тумори за првпат беше одобрена во Европа.

    Овој агностичен лек препознава генетска абнормалност и го напаѓа туморот без разлика каде се наоѓа во телото и британските лекари кои го тестирале изјавија дека се „многу возбудени околу оваа нова работа“. Името на одобрениот лек е „larotrectinib“ и двегодишно девојче од Бристол беше еден од првите пациенти кои имале корист од него.

    Знаевме дека нашите опции се ограничени и затоа се решивме да пробаме и мило ми е што направивме така. Имавме можност да видиме како Шарлот расте и заздравува со голема брзина. Таа сега може да има релативно нормален живот и најважно од сѐ, лекот имаше неверојатен ефект на туморот“, изјави нејзината мајка Естер.

    Туморот кај Шарлот бил предизвикан од генетска абнормалност позната како фузија на гени и таа не е својствена само за еден тип рак.

    Позитивно е што лекот делува на разни видови рак, тој напаѓа абнормалност“, изјави д-р Џулија Чисолм од Кралската болница „Марсден“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира