НОВАТА РАКЕТА НА ИЛОН МАСК ГО ИМАШЕ ПРВОТО УСПЕШНО СЛЕТУВАЊЕ, НО ПОТОА СЕПАК ЕКСПЛОДИРАШЕ

    НОВАТА РАКЕТА НА ИЛОН МАСК ГО ИМАШЕ ПРВОТО УСПЕШНО СЛЕТУВАЊЕ, НО ПОТОА СЕПАК ЕКСПЛОДИРАШЕИнцидентот се случи неколку минути откако „СпејсЕкс“ прогласи успех (Фото: СпејсЕкс)

    „СпејсЕкс“, компанијата на Илон Маск, успешно приземји еден од прототиповите на ракетата „Старшип“ по завршувањето на пробен лет на голема надморска височина, но таа потоа, сепак, експлодираше.

    Инцидентот се случи неколку минути откако „СпејсЕкс“ прогласи успех на полигонот во Бока Чика, Тексас. Двата претходни пробни лета завршија со експлозија при слетувањето.

    Следната генерација на вселенските возила успеа цврсто да застане на своите продолжени нозе, за потоа да избие пожар околу базата и осум минути подоцна дојде до експлозија. Од „СпејсЕкс“, сепак, кажаа дека ова е охрабрувачки напредок, бидејќи прототипот изведе успешни маневри и имаше меко слетување.

    Според замислите на „СпејсЕкс“, „Старшип“ треба да ги замени постојните ракети „Фалкон“. Маск планира да ги користи овие ракети за мисии до Месечината и Марс.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира