НОВОЗЕЛАНДСКАТА ПРЕМИЕРКА СЕ ВРАТИ НА РАБОТА ШЕСТ НЕДЕЛИ ПО ПОРОДУВАЊЕТО

    НОВОЗЕЛАНДСКАТА ПРЕМИЕРКА СЕ ВРАТИ НА РАБОТА ШЕСТ НЕДЕЛИ ПО ПОРОДУВАЊЕТОДодека Ардерн ја води државата, нејзиниот партнер Кларк ќе се грижи дома за бебето (Фото: Гети)

    Новозеландската премиерка Џесинда Ардерн се врати на работа, откако, како што кажа, породилното отсуство ѝ поминало како најбрзите шест недели во животот.

    Ардерн, која неодамна наполни 38 години, ја роди ќеркичката Нив Те Ароха во јуни, а во меѓувреме ја менуваше Винстон Питерс. Таа е само втората светска лидерка која се породила додека била на функција, по пакистанската премиерка Беназир Буто.

    „Имав прекрасни неколку недели со Нив, но апсолутно сум подготвена да се вратам на работа. Имам чувство дека ова време што го поминав со неа ми е како подарок од новозеландската јавност и од мојот тим, на чело со Питерс. Но, се разбира, ова се уникатни околности и едвај чекам да се вратам на работа“, изјави Ардерн.

    Тие изминатиов период живееја во Окланд, но в сабота ќе се вратат во Велингтон, кадешто се наоѓа парламентот.

    „Јас ќе бидам дома за да ѝ овозможам да се фокусира на водењето на државата. Тоа е привилегијата што многу жени ја немаат“, кажа партнерот на Ардерн, тв-презентерот Кларк Гејфорд.

    Тие во јануари објавија дека очекуваат бебе, само три месеци откако Ардерн стана премиерка.

    „Јас имам многу среќа, затоа што покрај себе имам партнер кој презема огромен дел од заедничките одговорности. Но, тој исто така е родител, а не бебиситер“, вели Ардерн.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира