ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ ПРЕПОРАЧАА ИСХРАНА СО ЗЕЛЕНЧУК ЗА СПАС ОД КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ

    ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ ПРЕПОРАЧАА ИСХРАНА СО ЗЕЛЕНЧУК ЗА СПАС ОД КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИВеганските бургери се сѐ почеста понуда низ светските ресторани (Фото: Гети)

    Преминувањето кон исхрана базирана на зеленчук и растенија може да помогне во борбата со климатските промени, стои во извештајот на Обединетите нации. Во големото истражување за поврзаноста на почвата и климатските промени стои дека големата потрошувачка на месо и млечни производи на Западот го зголемува глобалното затоплување.

    Но, научниците и официјалните лица на ОН велат дека не препорачуваат дека сите треба да станат вегетаријанци. Извештајот подготвен од 107 научници од Меѓувладина комисија за климатски промени во ОН, вели дека ако земјата се користи поефективно, може да складира повеќе јаглерод отколку што испуштаат луѓето.

    „Не велиме дека луѓето треба да престанат да јадат месо. Во некои места луѓето не ни имаат друг избор. Но, очигледно е дека на Западот јадеме премногу“, изјави професорот Пит Смит, еколошки научник од Универзитетот Абердин во Велика Британија.

    Извештајот повикува на интензивна акција за стопирање на уништувањето на почвата и пресушувањето, бидејќи и двете придонесуваат за климатските промени.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира