ОД СЕПТЕМВРИ ВО СКОПЈЕ ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ СТУДИРА НА БРИТАНСКИОТ МЕТРОПОЛИТЕН УНИВЕРЗИТЕТ

    ОД СЕПТЕМВРИ ВО СКОПЈЕ ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ СТУДИРА НА БРИТАНСКИОТ МЕТРОПОЛИТЕН УНИВЕРЗИТЕТОд МЕТ велат дека на идните студенти ќе им овозможат најсовремени услови на студирање и стекнување со британска диплома. (Фото: МЕТ)

    Од септември идните студенти ќе може во Скопје да студираат на престижниот британски Метрополитен универзитет (London Metropolitan University, MET).

    Студентите кои ќе запишат студии, ќе учат и ќе стекнуваат вештини под менторство на врвни британски професори, а во текот на студирањето ќе имаат можност да бидат дел од реномирани компании кадешто ќе ги согледат процесите кои се одвиваат во вистинска работна средина и ќе се стекнат со практично искуство. Од МЕТ велат дека на идните студенти ќе им овозможат најсовремени услови на студирање, техничка поддршка и пристап до онлајн библиотека, каде студентите ќе најдат соодветни ресурси за учење. Главен акцент се става на стекнување на практични вештини, кои по завршувањето на студиите ќе ги зајакнат вашите компетенции на пазарот на трудот

    „Среќни сме и горди што ќе им понудиме можност на сите амбициозни личности да студираат по најсовремени стандарди, да го почуствуваат духот на лондонското образование и да се стекнат со врвно знаење и експертиза. Искуството и знаењето кое ќе го стекнат, ќе ги направи висококомпетативни на пазарот на труд, а британската диплома која ќе ја стекнат од додипломски и постдипломски студии на крајот од нивното студирање ќе им го олесни патот кон градењето на кариерата од соништата“, вели Венди Блоси одговорна одговорна за академски партнерства на MET.

    Информации за пријавување и условите за студирање се објавени на веб страната на универзитетот www.skopjemetropolitan.edu.mk, или на телефонскиот број 02 3140-004.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира