ОД ВАШИНГТОН ДО ТРАМП – ВО КУМАНОВО ИЗЛОЖЕНИ ГРАФИКИ ОД БОРЧЕ ТОДОРОВСКИ ОД СИТЕ ПРЕТСЕДАТЕЛИ НА САД

    ОД ВАШИНГТОН ДО ТРАМП – ВО КУМАНОВО ИЗЛОЖЕНИ ГРАФИКИ ОД БОРЧЕ ТОДОРОВСКИ ОД СИТЕ ПРЕТСЕДАТЕЛИ НА САДАвторот Тодоровски, како ликовен уметник и графичар, во 1991 ги изработил првите македонски банкноти за државата. - Од синоќешното отворање на изложбата (Фото: СДК.МК)

    По повод одбележувањето на 500 години Куманово, а во чест на големиот празник на американскиот народ 4 јули, синоќа во Занатскиот дом во Куманово, беше отворена изложбата на графики од ликовниот уметник Борче Тодоровски од Прилеп, насловена „Портрети на американските претседатели“. Авторот Тодоровски, како ликовен уметник и графичар, во 1991 година ги изработил првите македонски банкноти за државата.

    Изложени се 45 портрети на сите американски претседатели, кои за првпат се претставуваат пред пошироката јавност.

    Почнувајќи од првиот претседател Џорџ Вашингтон, па сѐдо последниот Доналд Трамп, авторот портретите ги изработил за две години, според фотографии кои ги наоѓал на интернет, слики од весници и книги.

    Изложени се 45 портрети на сите американски претседатели (Фото: СДК.МК)

    „Најтешки за изработка ми беа првите. Кога почнав да ги цртам, ме фати страв дали ќе ги направам добро. Немав намера да ги работам сите, но откако ги нацртав првите три-четири портрети ми стана интересно и секој нареден портрет ми беше нов предизвик. Работев интензивно и на крај ги нацртав сите 45. Ме инспирираше нивната демократија. Ја имам проучено многу нивната историја, ги проучував нивните животи, борбата на овие светски лидери и сосема спонтано се роди идејата“, вели Тодоровски.

    Тој посакува еден ден портретите да ги види пошироката македонска и американска јавност.
    Изложбата ја отвори градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, кој истакна дека е голема честа да се биде домаќин на една ваква изложба, по повод празникот на нашите пријатели – американскиот народ.

     

    Изложбата е по повод одбележувањето на 500 години Куманово, а во чест на празник на американскиот народ 4 јули (Фото: СДК.МК)

    Изложбата е во рамките на одбележувањето на програмата 500 години Куманово, заради успешната соработка помеѓу Општина Куманово и Амбасадата на САД и другите владини и невладини организации од САД со претставништво во Македонија. На изложбата имаше и претставници од Американската амбасада во Скопје.

    С. НИКОЛИЌ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира