ОЛИВИЈА ЊУТН-ЏОН ПРОДАВА СЀ ОД „БРИЛИЈАНТИН“ ЗА ДА СОБЕРЕ ПАРИ ЗА ЛЕКУВАЊЕ ОД РАК

    ОЛИВИЈА ЊУТН-ЏОН ПРОДАВА СЀ ОД „БРИЛИЈАНТИН“ ЗА ДА СОБЕРЕ ПАРИ ЗА ЛЕКУВАЊЕ ОД РАКЛегендарните парчиња облека на Сенди Олсон во мјузиклот од 1978 се дел од 200-те предмети кои Њутон-Џон ќе ги продава да собере пари за нејзиниото лекување од рак во Австралија

    Австралиската актерка и пејачка Оливија Њутн-Џон ги стави на аукција кожената јакна и хеланките кои ги носеше во последната сцена од култниот филм „Брилијантин“ за да собере пари за нејзиното лекување од рак во Австралија.

    Аукциската куќа „Џилиенс“ објави дека легендарните парчиња облека на Сенди Олсон во мјузиклот од 1978 се дел од 200-те предмети кои Њутон-Џон ќе ги продава во ноември во Беверли Хилс.
    Јакната и хеланките се продаваат одделно, но заедно се очекува да стигнат до цена од 200.000 долари, вели аукциската куќа.

    Кожената јакна, заедно со хеланките се очекува да се продаде за 200.000 долари (Фото: Ројтерс)

    Седумесетгодишната пејачка во 2017 објави дека ѝ се вратил ракот на дојка, од кој се лекуваше во 1992, и дека сега ѝ е проширен во долнот дел на грбот.

    Њутн-Џон го продава и нејзиното оригинално сценарио од филмот, кое е проценето на 4 илјади долари, како и розовиот фустан кој го носела на премиерата на „Брилијантин“ во Лос Анџелес, проценет на 3.000-5.000 долари. Таа ги продава и облеките кои го носела на турнејата на нејзиниот албум „Физички“, како и неколку костими од филмот „Ксанаду“.

    Актерката изјави дека дел од собраните средства ќе одат во фондот на истражувачкиот центар „Оливија Њутн-Џон“ во Мелбурн.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира