Опра Винфри сака да расчисти важна работа, таа дефинитивно нема да се кандидира за претседател на САД во 2020 година, бидејќи смета дека нема дух за тоа.
По нејзиниот говор на годинешните награди Златен глобус, каде зборуваше за нееднаквоста меѓу половите, расите и класите, нејзините фанови на социјалните медиуми почнаа да пишуваат дека Опра ќе се кандидира против Доналд Трамп.
Опра неколку пати кажа дека нема да се кандидира, но во снименото интервју за нејзиното враќање во шоуто „60 минути“, таа отворено зборува за нејзината одлука да не се кандидира, велејќи дека смета дека Бог не сака таа тоа да го направи.
„Никогаш не барав од другите да ми кажат кога треба да снимам филм. Нема ни сега. Ако Бог всушност сакаше да се кандидирам, зарем Бог немаше некако да ми каже. Не го слушнав тоа“, кажа таа.
Таа додаде дека нема намера да биде против кандидат за таа улога по нејзиниот познат говор.
„Прочитав или слушнав дека некој кажа, дека со таков говор морало да знам дека влегувам во политички води. Ме зезате, нели!? Само се обидов да одржам добар говор“, вели Опра.
Таа продолжи: „Се вратив во салата за прес конференции и слушнав дека веќе зборуваат дека ќе се кандидирам 2020 година. И бев во прашалници, што!?“.
Опра децидно вели: „Не се кандидирам за претседател на САД“.