ОТВОРЕН ДЕН СО АРМИЈАТА ПО ПОВОД РОДЕНДЕНОТ НА НАТО ВО ГРАДСКИОТ ПАРК ВО СКОПЈЕ

    ОТВОРЕН ДЕН СО АРМИЈАТА ПО ПОВОД РОДЕНДЕНОТ НА НАТО ВО ГРАДСКИОТ ПАРК ВО СКОПЈЕСвоите вештини ги покажаа и припадниците на Единицата за специјални задачи на Министерството за внатрешни работи.(Фото: К.Попов)

    Во Градскиот парк во Скопје се одржа отворен ден на Армијата за граѓаните, организиран по повод Неделата на НАТО.

    Гардистите ја изведоа точката Егзерцир (Фото: К. Попов)

    На отворениот ден, припадниците на Полкот за специјални операции, пред граѓаните прикажаа дел од своите боречки вештини, гардистите ја изведоа точката Егзерцир, а воениот оркестар изведе неколку композиции. Своите вештини ги покажаа и припадниците на Единицата за специјални задачи на Министерството за внатрешни работи, а хеликоптер на Армијата изврши прелет над Градскиот парк.

    Министерката за одбрана Радмила Шекеринска со ќерката на отворениот ден на Армијата во парк. (Фото: К.Попов)

    На посебни штандови, Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ ги претстави своите програми и можностите за студирање на Академијата.

    Во рамки на настанот, беа прогласени трите најдобри есеи на тема „НАТО и ти“, кои ќе бидат наградени со студиско патување во седиштето на Алијансата, во Брисел. Беа прогласени и победниците на вчерашната Атлетска трка, која се одржа на кејот на реката Вардар.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари