ОВЦИ СЕ ЗАПИШАЛЕ ВО УЧИЛИШТЕ ВО ФРАНЦИЈА ПОРАДИ НАМАЛЕН БРОЈ УЧЕНИЦИ

    ОВЦИ СЕ ЗАПИШАЛЕ ВО УЧИЛИШТЕ ВО ФРАНЦИЈА ПОРАДИ НАМАЛЕН БРОЈ УЧЕНИЦИОвците биле доведени во училиштето од локален овчар (Фото: Гети)

    Петнаесет овци симболично биле запишани во основно училиште во француските Алпи, откако родителите на децата кои учат таму изразиле страв дека некои класови ќе бидат затворени поради намален број ученици. Ова уследи откако училиштето во потпланинското село Крет де Беледон објави дека еден од неговите 11 класови ќе биде затворен поради намалувањето на бројот на ученици од 266 на 261.

    Вчера наутро, локален овчар и неговото куче довеле 50 овци во училиштето, од кои 15 „официјално“ биле запишани со приложување на нивниот сертификат на раѓање. На комичната церемонија присуствувале голем број деца, родители и наставници.

    „Еве, сега не мора да затвориме ниеден клас“, изјави Гаел Лавал, еден од родителите кои стојат зад оваа иницијатива.

    Тој ги обвини државните власти дека повеќе се грижат за бројки, отколку за доброто на децата.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира