ПАНДЕМИЈАТА НА КОВИД-19 ЌЕ ДОНЕСЕ ЕПИДЕМИЈА НА ОСАМЕНОСТ, ВЕЛАТ ГЕРМАНСКИ НАУЧНИЦИ

    ПАНДЕМИЈАТА НА КОВИД-19 ЌЕ ДОНЕСЕ ЕПИДЕМИЈА НА ОСАМЕНОСТ, ВЕЛАТ ГЕРМАНСКИ НАУЧНИЦИГерманските доктори велат дека осаменоста беше невидлив проблем уште пред пандемијата. (Фото: Џ. Трикоцели )

    Веќе половина година, властите низ целиот свет им порачуваат на своите жители да се дистанцираат едни од други поради пандемијата на ковид-19, а тоа според експертите за ментално здравје ќе придонесе за друга епидемија, на осаменост.

    Психијатри испитуваа 5.070 возрасни луѓе од Австралија и откриле дека повеќе од три четвртини пријавиле дека периодов нивното ментално здравје е во полоша состојба за разлика од почетокот на коронакризата.

    Речиси 80 проценти од испитаниците пријавиле дека висок степен на несигурност за иднината, додека половина рекле дека се чувствуваат исклучително осамени, а половина исто така имаат стравови за финансиите во иднина.

    „Разбирливо е дека во вакви времиња, луѓето ќе се чувствуваат исплашени, загрижени, анксиозни и презаситени со постојаното менување на ситуациите и ограничувањата поради ширењето на вирусот“, вели Хуманитарното здружението за поддршка во криза Лафлајн.

    Германските доктори велат дека осаменоста беше невидлив проблем уште пред пандемијата.

    „Пандемијата може да создаде епидемија на осаменост“, вели футурологот Хорст Опашовски од Хамбург.

    Претседателот на Комората на психијатри Дитрих Мунц вели дека возрасните луѓе се меѓу најпогодените групи во однос на менталното здравје.

    „Покрај депресијата и анксиозноста, ќе порасне стапката и на пост-трауматски нарушувања, зависности од дрога и алкохол, опсесивно-посесивни нарушувања“, вели Мунц.

    Научниците апелираат до луѓето да се отвораат за своите проблеми и онлајн да ги одржуваат врските и познанствата.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира